На “Србија опен 2019”, А класа Такевондо ИТФ турнир кој ќе се одржи викендов во Суботица е стартот на натпреварувачката сезона за нашиот најдобар Теквондо клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.На овај турнир кој е на месец дена пред Европското првенство во Италија,Римини кое ќе се одржи од 31.03-07.04 2019 , многу држави ќе бркаат последни критериуми за пласман за на овај престижен турнир.Истотака и некои натпреварувачи од нашиот клуб ќе се борат за пласман, иако конкуренцијата е огромна , уште сега се пријавени едни од најјаките репрезентации како што се Украина, Бугарија, Чешка, Бугарија, Словенија, Италија и други. На овај турнир ќе настапиме малку со поразличен состав од стандардниот вели првиот човек на Теквондо ИТФ Македонија, а воедно тренер на клубот, Марјанчо Лазаревски носител на црн појас 5 дан. Одлучивме овај турнир да ги носиме јуниорите кои имаат шанси за пласман иако им треба многу,со надеж дека некој би успеал да обезбеди пласман, па истотака половина екипа се дебитанти кои се надеваме дека некои ќе не изненадат со солиден успех, на таков чекор се одлучивме поради што некој од редовните натпреварувачи се повредени а некои имаат училишни обврски. Користиме прилика да се заблагодариме до нашиот генерлаен спонзор ПН МЕТАЛ кој повторно е најзаслужен за нашето учество на овај престижен турнир.