All for Joomla All for Webmasters
Останато

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе учествува овој викенд на турнир во Романија

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд 15.06-16.06 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ “А Класа” турнир “РОМАНИЈА ОПЕН 2018” во Орадеа, Романија, кој е завршен “А Класа” турнир ” за оваа пролетна сезона На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно, додека сениорите ќе уќествуваат и за специјални техники и тест на снага. Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир

СЛЕДЕТЕ НЕ НА ОФИЦИЈАЛНИОТ ФАН ПЕЈЏ

ВРВОТ