Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со 3 медали од најјакиот А класа турнир “Бугарија Опен 2018”
Викендов во Пловдив соседна Бугарија се одржа најјакиот меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ турнир, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од над 60 клубови од 15 земји ширум Европа и тоа Македонија, Бугарија,Србија, БиХ,Словенија, Грција, Австрија, Молдавија, Романија, Чешка, Украина,Велс, Естонија,Хрватска и Англија.
На овај турнир фалеше уште Русија за да бидат најдобрите европски репрезентации на едно место . Истотака може да се рече дека по квалитетот на натпреварувачите и посетеноста беше на рамниште на Европско првенство
На овај турнир благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” учество зеде и нашиот најдобар клуб од Македонија ,Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, кој настапи во скратен состав со 8 натпреварувачи,поради училишни обврски не настапија сестрите близначки Анастасија и Ангела Велјаноски, кои се редовни осовјувачки на медали, истотака и Божидар Димитриевиќ које апсолутен шампион во својата категорија, додека Стефан Калансоки и Владимир Димитриевиќ не настапија поради повреди.
На овај турнир многу натпреварувачи бркаа критериум за учетво на Европско, но за жал победија судиите. Ќе го паметиме овај турнир по огромната пристрасност како на Грчките така и на Бугарските судии кои им помогнаа на своите натпреварувачи да исполнат критериуми на штета на другите држави, свето незадоволство го изразија повеќето држави.
Но и покрај огромната пристарасност на судиите успеавме тешко да заработиме 3 медали:
1 сребрен , кој го освои Филип Трифуноски во категорија -65 кадети 12-13 години, кој во финале бече оштетен од судиите и за малку не исполна критеиум за учество на Европско,
2 бронзени медали, кој ги освои Елена Јанеска борби во категорија женски кадети 12-13 години, и форми за жолт појас женски кадети 12-13 години, на Елена и фалеше златен медал во борби за да учествува на Европско но судиите ја победија и неа во полуфинале.
Беа оштетени скоро сите наши натпреварувачи од страна на судиите, посебно јуниорите кога ќе дојдеа до четвртфинале беа победувани од судиите, на што реагираа за нас претставниците од Србија, Словенија, Австрија, но ние сме мала федерација, и сме од една малечка земја и сме безгласни во однос на судиските одлуки.
Претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски изразува огоромна благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат е најзаслужен за нивниот настап на овај турнир, и вели дека ваквата пристрасност се случува во сите спортови но дека тоа нема да не обезхрабри,напротив ни дава мотив да работиме уште понапорно со што ќе ги победуваме и судиите со нашиот квалитет
Tags In
Related Posts
Скорешни написи
- Јане Димов ,Елена Јанеска и Анастасија Велјаноска ја започнаа сезоната со злато на “СРБИЈА ОПЕН 2019”
- Викендов Такевондо ИТФ турнир „Србија опен 2019“
- Македонија побогата со два мајсторски црни појаси 5 дан во Таеквон-до ИТФ
- Бројните медали и награди ги зголемуваат апетитите за учевство на европско и светско првенство кај охридските теквондисти
- Камјани 3-0 Напредок службено доделена: „Спортски е да се натпреваруваш, но чесно е за својот труд и залагање да бидеш платен“
Скорешни коментари
- Анонимен на Hello world!
- Shufflehound на Striped watch
- Shufflehound на Simple hat
- Shufflehound на Shoulder bag
- Shufflehound на Season shoes
Архиви
Категории
- Uncategorized
- АБА лига
- Авто-мото
- Англија
- Бокс
- ВМФЛ
- Германија
- Домашна лига [мажи]
- Домашно првенство
- ЕВРО КУП / ЕВРО ЛИГА
- Европски купови
- Интернационални
- Интернационални
- Италија
- Кошарка
- Лига Европа
- ЛИГА НА ШАМПИОНИ
- ЛШ
- Мото ГП
- НБА
- Останато
- ПМФЛ
- Португалија
- Рагби
- Ракомет
- Репрезентација
- Репрезентација
- Репрезентација [мажи]
- Светско првенство
- СЕХА Лига
- Србија
- Тенис
- ТРАНСФЕР ШПЕКУЛАЦИИ
- Формула 1
- ФОТОГАЛЕРИЈА
- Франција
- Фудбал
- Футсал
- Шпанија