Во Македонија викендов во Домот на култрата Лескоец-Охрид во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид се одржа национален технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан).Имавме чест по четврти пат да учиме од еден од најдобрите мајстори во светов а воедно и еден од челниците на Таеквондо ИТФ во светот. Како што прилега на врвен мајстор  во негов стил го направи и овај семинар врвен при што секоја техника една по една им ја покажа точно на нашите спортисти , со надеж дека ќе помогне да успееме да освоиме медал на следното европско првенство , април месец, во Римини,Италија. Посебно посвети внимание на Давид Крстески кој ќе настапи на ова Европско првенство, што е најголема предност за неговата понатамошна кариера, бидејќи започнува на 11 години да натпреварува на  Европско првенство, со сите исполнети критериуми, а воедно и со најмлада дозволена возраст.

Наравно за неговиот досегашен успех а воедно и за сите натпреварувачи кои доста се од нив борат за критеиум за европско или Светско, и сите успеси на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид ,најзаслужен  е генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”.

Гранд мастер Ким Унг Чол беше презадоволен од организацијата на семинарот, од квалитетот и дисциплината на  учесниците на овај семинар, и од убавините на преубавиот Охрид и Македонија

На овој семинар професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесницитена овај семинар. Овие техники според тренерот на ХВА РАНГ ИТФ, Марјанчо Лазаревски во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија. „Одржавме технички семинар за Теквондо итф со професор Гранд Мастер Ким Унг Чол. Во светот има само двајца луѓе кои ја имаат најголемата титула Гранд Мастер, а ние ја имавме таа чест да учиме од еден од најдобрите во светот за таеквондо итф. Можеме да кажеме дека овај семинар ни беше повеќе од потребен и истотака имавме можност да ни биде претсавена техниката до најситни детали, кои ќе ни користат за наредното Европско Теквондо ИТФ првенство во Римини Италија истакна Марјанчо Лазарески.

Семинарот се одржа во два дена, во саботата се работеше во два термини, со почеток од 10 до 12 часот и од 17 до 19 часот каде теквондистите ги усовршуваа своите техники, додека во неделата после тренингот од 10-12 часот имаше полагање за црн појаси пред угледниот професор. Македонија од овој семинар излезе со побогата со двајца  носители на црн појас V дан,  Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски

Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескеоц – Охрид и официјално ги започнаа своите активности за 2019 година. Од клубот уште еднаш упатуваат нај голема благодарност до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ“ кој и овој пат беше најзаслужен за организирањето на овој престижен настан.

Професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол (црн појас, деветти дан) кажа дека е презадоволен  од двајцата инструктори  кои полагаа за 5 дан, Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски , кои покажаа одлично познавање на целата Таеквондо ИТФ техника, и одлична демонстрација на истата, што и очекувано  беше од нивна страна пошто се 27 години во овај спорт , а во едно имаат и добар историјат во ИТФ. И благодарност до домаќинот Марјанчо Лазаревски кој се покажа и како добар домаќин , организатор, требнер, претседател и пријател.

И за крај упати честитки до новите носители на црн појас 5 дан , Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски, кои ги добија повеќе од заслужени.