Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс не престанува да одушевува со својата физичка подготвеност, која го прави еден од најретките атлети, кои во текот на цела кариера не се здобил со посериозна повреда.

Овој месец беше најдобар во професионалната кариера на „кралот“, кој запишува бројки како никогаш досега. Неговиот Кливленд го користи тоа и се наоѓа во серија од десет последователни победи, како одговор на ривалот Бостон, кој претходно запиша 16 триумфи во низа.

На социјалните мрежи кружи видео кое е потврда за натприродната сила на Леброн, кој забива исто и на 24 и на 32 години.