Викендов во Суботица во соседна Србија се одржа  Таеквон-до ИТФ         А класа  турнир “СРБИЈА ОПЕН 2019”на кој зеде учество и нашиот клуб”ХВА РАНГ ИТФ”

Лескоец-Охрид, благодарение  на  генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”.На овај престижен турнир учетвуваа 37 клубови од 12 земји од Европа, и тоа едни од нaјдобрите репрезентации во светот, што беше извонредно искуство за нашите натпреварувачи, учествувааа натпреварувачи од Украина, Чешка, Словачка, Унгарија, Австрија, Хрватска,Словенија, БиХ, Србија, Македонија, Грција, Бугарија.

На овај турнир настапивме со неколку нови дебитанти кои ни приредија пријатно изненадување , а некои се закитија со нивниот прв медал. Најпријатно изненадување ни приредија најмладите девојчиња , Христијана Парулеска  која за малку не го освои првото место во борби  -35 кг за девојчиња 8-10 години  и се закити со сребрен медал, додека Софија Колушоска  беше тесно елиминирана во полуфиналето во борби  -30 кг за девојчиња 8-10 години  и се закити со боронзен медал. Пресреќните лица на овие две прекрасни девојчиња кажуваа колку им значи освоениот медал.Од дебитантите Александар Пуцоски истотака изгуби во полуфинале, и зеде бронзен медал во категорија -60 јуниори 14-15 години, додека Мартин Патчев ,првата борба победи убедливо додека  во четвртфинале ја изгуби борбата во  последните секунди добивајќи опомена, но покажа извонредна борбеност и желба за победа што ветува многу  за во иднина. Јане Димов оваа сезона ја започна со 2 златни медали, освојувајќи прво место во форми јуниори за плав појас и борби јуниори -16-17 години +75 кг. Елена Јанеска која е носител на ученички зелен појас, во првата борба ја имаше искусната репрезентативка на Словенија носител на црн појас, но тоа за неа беше уште поголем предизвик при што доминатно ја победи и отиде во полуфинале среќавајќи се со уште една носителка на црн појас , но нашата Елена бојата на појасот не  ја плаши , истотака лесно совладувајќи  ја противничката од Србија, за потоа во финале да се сретне со претставничката на БиХ  , која истотака беше лесно совладана и со тоа Елена го освои првото место во категорија девојки 12-13 години +55 кг.Близначките Анастасија и Ангела во форми за јуниорки  за жолт појас си го поделија златото и среброто со што ја продолжија нивната доминација во оваа дисциплина.Давид Крстески нашиот фаворит,  два круга помина лесно , додека во полуфинале беше повреден и загуби од претсатвникот од Бугарија, иако повреден Давид во стилот на големите мајстори се бореше докрај иако му беше сугерирано да се прекине борбата поради неговата повреда. Премногу сум задоволен од  одличниот старт на оваа сезона се вративме со 4 златни, 6 сребрени и 4 бронзени медали,вели Марјанчо Лазаревски  претседател и тренер  на клубот , кој од пред извесно време е носител на црн појас 5 дан, а воедно користи прилика да се заблагодари на нивниот генрален спознор        “ПН МЕТАЛ” кој и овај пат е најзаслужен за нивниот успех.

Освојувачи на медали се:

-Јане Димов -2 златни медали,

1 место борби јуниори 16-17 години во категорија  +75 кг,

1 место Форми јуниори плав појас

-Елена Јанеска

1 место борби девојки 12-13 години +55 кг

-Анастасија Велјаноска

1 место форми јуниорки  жолт појас

2 место борби јуниорки 14-15 години -60 кг

-Ангела Велјаноска

2 место форми јуниорки  жолт појас

-Божидар Димитриевиќ

2 место форми јуниори  црвен појас

3 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијан Митрески

2 место борби јуниори 14-15 години +75 кг

-Христијана Парулеска

2 место борби девоојчиња 8-10 години -35 кг

-Софија Колушоска

3 место борби девојчиња 8-10 години -30 кг

-Криситна Симич

2 место борби сениорки 8-10 години -62 кг

-Давид Крстески

3 место борби деца 10-11 години -40 кг

-Александар Пуцоски

3 место борби јуниори 14-15 години -60 кг.