Бројните медали и награди ги зголемуваат апетитите за учевство на европско и светско првенство кај охридските теквондисти.

Охридскиот таеквондо клуб  “ХВА РАНГ ИТФ” заокружи уште една успешна година со бројни медали, награди и признанија. Годинава ја заокружуваат со вкупно 87 медали од сите нивни настапи и турнири каде што учевствуваа, особено надвор од нашата земја. Како што истакнува тренерот на клубот Марјанчо Лазаревски, 2018-та беше една од најуспешните години во поглед на врвните достигнувања на клубот.

-Буџетот го планиравме да ја средиме спортската сала и оваа година намаливме на натпревари и затоа имаме помалку медали, во однос на минатата година, но со односот и квалитетот сме уште подобри и се надеваме дека другата година бидејќи ќе учевствуваме на повеќе турнири ќе донесеме повеќе медали. Се надеваме  да учевствуваме на европско и светско првенство и да донесиме медал од таму, истакнува Лазаревски.

Инаку оваа година е најуспешна во македонската ИТФ федерација. Годинава ја заокружуваат со вкупно 87 медали, како и пехар за најдобар стар кадет.

-Тој пехар ни е посебно драг, бидејќи го освоивме во Дворник на  Гран при на најпрестижен турнир. Презадоволни сме и се надеваме дека нареднава година повторно ќе освоиме некој пехар, додава Лазаревски.

После ваквите големи успеси, стремежите и апетитие  за следната година се уште поголеми. Како што најавува тренерот Лазарески, предвидени се учевства на сите големи турнири како и најголемото достигнување, да се организира теквондо турнир и во Охрид.
-Планираме учевство на Србија Опен, Чешка Опен, европско во Римини-Италија, Романија Опен и се надевам ќе биде Охрид Опен на 22 јули. Во план сме ние да организираме еден Меѓународен ИТФ турнир, да ги покажеме убавините на нашиот Охрид. Потоа имаме Светско првенство во Пловдив Бугарија, па следуваат Словенија Опен, Добој Опен, Бугарија Опен. Во последниве години учевствувавме на турнирите од А класа, како и за учевство на европски и светски првенства, додава Лазарески.

Тоа што посебно е за истакнување поврзано со овој вид на спорт е големото значење за психофизичкиот развој кај децата кои го тренираат овој спорт. Особено развојот на самото тело кај младата единка, темпераментот кој постепено се изградува кај личноста како и преголемата дисциплина која ја налага и воведува постепено теквондото.